Донесен Законот за отпишување на камати

Bez autora
Feb 20 2013

Собранието на Република Македонија го донесе Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување. Oтпишувањето на каматите е за придонесите од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале до 2009 година, ако уплатата на основниот долг се изврши за шест месеци. Со истиот предлог на закон се овозможува и отпишување на камати по основ на долг за сите видови придонеси од социјално осигурување во периодот од 2009 до 2012 година. Законот ги предвидува овие можности: 100% отпишување на каматата ако главниот долг се плати во рок од шест месеци од поднесување на барањето. 75% отпис од каматата доколку долгот се врати за 12 месеци, и 50% од каматата ќе бидат отпишани доколку долгот се отплати во период од 12 до 18 месеци.

Донесен Законот за отпишување на каматиСобранието на Република Македонија го донесе Законот за отпишување на камати на доспеани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Заменик-министерот за финансии Ардијан Џеладини истакна дека отпишувањето на каматите е за придонесите од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале до 2009 година, ако уплатата на основниот долг се изврши за шест месеци. Со истиот предлог на закон се овозможува и отпишување на камати по основ на долг за сите видови придонеси од социјално осигурување во периодот од 2009 до 2012 година.

- Законот ги предвидува овие можности: 100% отпишување на каматата ако главниот долг се плати во рок од шест месеци од поднесување на барањето. 75% отпис од каматата доколку долгот се врати за 12 месеци, и 50% од каматата ќе бидат отпишани доколку долгот се отплати во период од 12 до 18 месеци - рече Џеладини.

Целта на оваа мерка на Владата е да им се излезе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми кои се однесуваат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување. Се проценува дека вредноста на каматите кај долгот по основ на пензиско осигурување изнесува 40% од долгот.

Изет Зеќири, од НДП смета дека ова е популистичка мерка на Владата, која има позитивни, но и негативни страни. Предноста, според него, е што им се дава можност на фирмите да ги отплатат долговите. Меѓутоа, вели Зеќири, оваа мерка нема да влијае врз исплатата на долгот.

- Потребно е оваа Влада да понуди фискална амнестија, со која ќе се направеше пресек и сите оние кои имаат обврски да се амнестираат, со цел сите да бидат мотивирани да ги плаќаат придонесите - изјави пратеникот на НДП. Негативните страни на законот се дека со него се врши дискриминација во однос на оние кои редовно плаќале обврски.

Бизнис секторот позитивно ја оцени оваа владина мерка, која ќе придонесе компаниите да продолжат понатаму да функционираат во Македонија и да ги подмируваат обврските редовно. Извршниот директор на Сојузот, Митко Алексов по објавување на мерката од страна на Владата изјави дека мерките се дел од нивните барања што ги доставувале до Министерството за финансии.

- Овие мерки се пред се поволни во дел на ослободување на компаниите од кумулирани обврски кои ги имаат по однос на овие придонеси. Според нашата евиденција, станува збор за компании кои имале сериозни финансиски проблеми, компании кои биле во стечајни постапки, меѓутоа со преорганизација и реконструкција успеале да излезат од оваа состојба и сега веќе имаат услови за натамошно добро економско функционирање. Меѓутоа, овие кумулирани обврски претставуваат сериозен проблем - смета Алексов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik